Од вечерва, првпат оваа сезона започнува ноќното скијање во Ски – центарот „Попова Шапка“.
Ноќното скијање се организира во петок и сабота, од 19 до 22 часот. Цената на билетот е 700 денари.
Зимската скијачка сезона на Попова Шапка почна на 15 декември со промотивниот настан „Шарска белина – Шарска убавина“, првпат во рамки на новопрогласениот Национален парк Шар Планина.
На располагање на посетителите, како што велат од ски-центарот, покрај бројните сместувачки капацитети, се и хотелите „Славија“ и „Попова Шапка“ со кои стопанисува „ЕЛЕМ ТУРС“ и кои нудат бројни пакети за сместување и користење ски-билети, школата за млади скијачи, наем на опрема и слично, како и попусти за повеќедневен аранжман во хотелите.