„Го разбирам разочарувањето поврзано со одложувањето на почетокот на пристапните преговори. Но, во ситуации како што е оваа, каде што навистина наидуваме на тешкотии, искуството во европски контекст, каде што проблемите се појавија и се надминаа, е дека треба да ги удвоиме напорите за да најдеме решение, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју за Вечер.

Тој воедно додава:

-Она што сега е потребно е решителност, а не очај. Имаме јасна заедничка цел – првата меѓувладина конференција да се одржи што е можно поскоро и сите да продолжиме да работиме во насока на нејзино остварување, вели Гир.

Тој ги охрабрува Македонија и Бугарија, билатералните  прашања кои го попречуваат процесот на проширување да ги решат како прашање на приоритет