Претседателот на државата, Стево Пендаровски смета дека македонскиот јазик треба да биде признаен од сите земји – членки, па дури и подоцна да се влезе во Европската унија.

„Што ќе ми е таа ЕУ без признаен македонски јазик? Мора да им дадеме на другите шанса да се соочат со вистината за нас. Јас сум Македонец и сега не може ние да се пишеме нешто друго“, порача Пендаровски во интервјуто на Канал 5.