Вистинска драма се случувала денеска во средното училиште „Ибрахим Темо“ во Струга, каде професор е приведен во полиција откако со метлана шипка претепал  ученик, објави Телма.

Настанот  се случи  во попладневната смена во  13 часот и 30 минути, кога 57 годишниот професор,  кој денеска требаше да биде суспендиран поради слични инциденти, го нападнал ученикот, па се заклучил во еден од кабинетите за да го избегне бесот на неговите другар, вели за Телма директорката на училиштето Бесиме Јонузи.

Професорот беше заклучен во Кабинетот по англиски јазик, а наставниците се трудеа да ги спречат учениците кои стоеја пред вратата да го нападнат наставникот. Секако, пријавивме во полиција и бевме принудени да ги задржиме учениците да не направат некоја поголема штета и да го нападнат наставникот, изјави директорката на училиштето, Бесием Јонузи.

Целосниот извештај прочитајте го ТУКА.