Порталот СДК.мк пишува дека портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, Димче Арсовски и Марија Митева ќе бидат членови на новите управни одбори на дел од јавните претпријатија на Град Скопје. Според Предлог-одлуката за именување на нови членови, предложена од група советници, и која треба да се гласа на седницата на Советот на Град Скопје в среда, Наум Стоилковски е предложен за член на управниот одбор на ЈСП „Скопје“. Димче Арсовски и Марија Митева се предложени да бидат дел од управниот одбор на „Водовод и канализација“.
Поранешниот фудбалер Игор Кралевски ќе биде член на управен одбор на ЈП „Градски паркинг“.
Инаку, првото нешто што го направи новата градоначалничка Данела Арсовска е смена на старите и поставување на нови директори на повеќето јавни претпријатија. Во културните институции уште не е сменет ниту еден директор.























