„Ковид: две години подоцна“ е темата на првата јавна научна дискусија С(ц)иеста која ќе се одржи денеска, среда, 22 декември во 17 часот во живо на фејсбук-страницата на Фондацијата Кантарот.
Панелисти на дискусијата ќе бидат тројца професори од Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Драган Даниловски, специјалист по епидемиологија, проф. д-р Никола Пановски, специјалист по медицинска микробиологија и проф. д-р Елисавета Стикова, специјалист по медицина на труд. Дискусијата ќе ја модерира д-р Харис Бабачиќ, магистер по епидемиологија и истражувач на Институтот Каролинска во Стокхолм.
Како што е најавено, главни точки на разговорот се: варијантата омикрон и заканите од неа; вакцинација на возрасни и на деца; како се справува Македонија со пандемијата, а како светот.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.