Министерот за правда Бојан Маричиќ преку фејсбук ги искритикува судиите од Апелацискиот суд кои донеле одлука да го ослободат Мијалков од притвор и да ја прифатат гаранцијата од 11 милиони евра во недвижнини.

-Одлуката на Апелациониот суд во Скопје  да го пушти од притвор Сашо Мијалков ја намалува и онака разнишаната доверба на граѓаните во судовите.

Потсетувам дека Мијалков беше лице под реален ризик за бегство и повод за настани кои ја вознемирија целата македонска јавност.

Судиите на Апелациониот суд во Скопје Ѓоко Ристов и Енвер Беџети кои ја донесоа оваа одлука треба да и објаснат на јавноста на кој основ ја донеле ваквата одлука и на кој начин ќе ја преземат одговорноста доколку се случи повторно ризик од бегство.

Судот иако е независен, должен е јавно да ги објаснува своите одлуки за да можат граѓаните  да веруваат во судството.

Апелирам до Судскиот совет да  испита по кој основ судиите ја донеле оваа одлука, пишува Маричиќ.