ВМРО-ДПМНЕ продолжува да изнесува тешки лаги и дезинформации во врска со најавената продажба на акциите на АД Славија, велат од владејачката СДСМ.

Од таму обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ во своите конструкции околу вредноста на имотот на АД Славија, испушта да каже дека во периодот од 2012 до 2017 година имотот на компанијата го распродавала на парче со тајни зделки.

-Со таквата распродажба на десетици дуќани и локали некогашни маркети на компанијата низ целата држава, ВМРО-ДПМНЕ дополнително ја обезвредни АД Славија, која е оптоварена со долгови, кон доверители и кон поранешните вработени.

Наместо да пласираат дезинформации од Белата палата треба да им објаснат на граѓаните зошто во текот на 12-годишното владеење не го решиле проблемот со АД Славија, туку распродале 70 % од нејзиниот имот, се вели во соопштението на СДСМ.