Директорот на Центарот за управувањесо кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов заедно со грдоначалникот на Општина Бослово, Ристо Митев, беше на терен за увид на критичните точки за поплавување на реката Струмица, а и на месните локални канали каде што се излева водата при голема надојдена вода од врнежи и порои, како што беа неодамнешните декемвриски поплави во оваа општина.

Притоа, беа разгледани потребите и можностите за идна координација на употреба на ресурсите и субјектите од Системот за управуваање со кризи (СУК).

Посетата беше остварена на покана на градоначалникот на општината.