Премиерот Зоран Заев заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и со албанскиот премиер Еди Рама денеска во Тирана го започнуваат официјалниот дел од Самитот на иницијативата „Отворен Балкан“.

Тие пристигнаа во Палатата на Бригадите каде ќе има средба меѓу Рама, Заев и Вучиќ, а потоа почнува и состанокот на кој прв ќе се обрати домаќинот Рама, а потоа и Вучиќ и Заев, како и комесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји, генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикиќ и директорот на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек

Вчера и денеска опозицијата организирана пред се од поранешниот премиер Сали Бериша, но и лидерот на опозицијата Баша организира масовни потести против Отворен Балкан, пред се против доаѓањето на Александар Вучиќ.