Денеска во кумановската Дива населба, се спроведува голема полициска акција од страна на специјална единица, објави ТВ21.

Неофицијално, се работи за акција за спречување на трговија со наркотици.

Од Министерството за внатрешни работи не се откриваат детали, но истакнуваат дека во тек е голема полициска акција со претреси на повеќе локации.