Во Велика Британија починаа 12 лица заразни со сојот омикрон, а 104 лица позитивни на омикрон се хоспитализирани, изјави министерот за правда, Доминик Раб.
„Знаеме дека омикрон многу брзо се шири. Во моментов имаме 104 хоспитализирани и 12 смртни случаи. Но, поради доцнење на податоците не знаеме колку ќе биде сериозна ситуацијата“, изјавил Раб.
Она што се знае е дека оние кои имаат примено „бустер“ доза имаат повеќе од 70 отсто заштита рече Раб и на тој начин ја оправда одлуката за забрзана кампања за вакцинација која британската влада ја донесе изминатите денови.
Британија се соочува со нагло зголемување во бројот на позитивни ковид случаи со повеќе од 82 886 заразени, што се должи на варијантата омикрон.
Велика Британија е една од најтешко погодените европски земји во пандемијата, со повеќе од 147 000 смртни случаи од коронавирус.