За секој човек, роденденот е посебен ден
Кога славиме роденден, главното задоволство е секогаш тортата.
Сепак, малкумина се запрашале зошто за роденден се прави баш торта и кое е значењето на дување свеќички?
Оваа традиција датира од древните времиња и се поврзува прво со Египќаните, а потоа и со Грците.
Традицијата вели дека токму на Египќаните им се препишува „изумот“ роденден. Се верувало дека фараоните станале богови на денот кога биле крунисани, а посебно го славеле тој ден.
Тогаш овој обичај го позајмиле Грците, верувајќи дека ќе биде повеличествено ако на крајот го засладат со раскошен и богат десерт. Затоа направиле торта која по форма наликувала на месечината, се во чест на Артемида, божицата на месечината.
Десертот бил украсен со запалени свеќи кои светеле како месечината. Од тогаш до денес продолжува традицијата на палење роденденски свеќички.
Денешните родендени
Современиот начин на прославување роденден влече корени од германскиот обичај од 18 век од таканаречената прослава Киндерфест. Обичајот налага утрото на роденденот на детето да добие торта со запалени свеќи, чиј број би одговарал на бројот на неговите години.
Оваа дополнителна свеќа била наречена „светлина на животот“, која била симбол на надеж за уште една година од животот.
Семејството ги отстранувало од тортата свеќите што гореле во текот на целиот ден, а во одреден момент детето дувало во нив и посакувало желба.
Како и денес, желбата не смеела се каже гласно. Бидејќи состојките за тортата биле прилично скапи, обичајот не се проширил се до после Индустриската револуција. Кога намирниците поевтиниле, тортите почнаа да се печат и продаваат во слаткарниците, а потоа тој тренд почнал се повеќе да се шири и станал незаменлив дел од секој роденден.