Во куќа во кумановското село Табановце, вчера во вечерните часови се случила семејна расправија со тешки последици.

Како што информираат од МВР, 23-годишната Ј.А, со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот сопруг Љ.А.(25), кој, според пријавеното, се обидел да го повреди нивното дете.

Тој бил пренесен во кумановската болница каде му биле констатирани тешки повреди.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.