Американскиот помошник државен секретар Карен Донфрид која е задолеѓжана за еворпски и евроазиски прашања следната недела ќе ги посети Украина и Русија во обид да се намали тензијата меѓу двете држави, се вели во соопштението на Стејт департментот.
Донфрид ќе се сретне со високи претставници во двете земји „за да разговараат за военото засилување на Русија и да ја зајакнат посветеноста на САД за суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина“, се вели во соопштението.
До ова доаѓа по разговорот меѓу американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин за смирување на тензиите на украинската граница. Белата куќа на 7 декември соопшти дека двајцата лидери се договориле нивните соодветни тимови да одржат дополнителни состаноци во обид да ја деескалираат ситуацијата.