ОВЕН
Водете сметка и за важните документи. Немојте да изгубите некој документ. Ова поле не е добро поставено. Единствено со двострани напори може да ја сочувате врската. Потребно е сами да дефинирате што сакате. Отежнато дишење, проблеми со тахикардија.
БИК
Ако постои било каква шанса, пробајте да ја обновите соработката со колегите од минатото. Сосема сте задоволни крај личноста со која сте во врска. Конечно, сте го постигнале саканиот емотивен баланс. Имате вишок енергија.
БЛИЗНАЦИ
Во текот на денот може да добиете шанса за мал напредок. Препорака е да го искористите она што ви се пружа. Сега не е време да пружате отпор. Земете некое време да ги разгледате своите ставови. Болки во грбот.
РАК
Ако останете пасивни, може да имате голема загуба. Дошло време да превземете контрола. Женските припаднички на овој знак може да имаат интересен ден. Имате нов додворувач. Проблеми со желудникот.
ЛАВ
Избегнувајте соработка со Девица, затоа што вашите ставови никако не се поклопуваат. Држете се до старите, проверени колеги. Полека доаѓате до подобра комуникација со саканата личност. Задоволни сте и верувате во заедничка иднина. Треба да бидете активни.
ДЕВИЦА
Поволен ден да ги завршите старите работи. Не е добро било што ново да започнете денеска. Сте решиле да пуштите да ве носат емоциите. Разумот го оставате на страна, колку и да ви е тешко. Проблеми со вртоглавица.
ВАГА
Пробајте да се сконцентрирате на сопствениот успех. Немате никаква корист од тоа да им завидувате на другите. Потребно ви е некое време да бидете сами. Не сте подготвени да се жртвувате за личност која не враќа со иста мерка. Подалеку од било какви пороци.
ШКОРПИЈА
Продолжувате со истата тактика која ја практикувате со години, затоа што сте уверени дека ве носи до успех. Можни се мали несогласувања со саканата личност. Ако играте топло-ладно, на крајот вие ќе бидете повредени. Проблеми со варењето на храната.
СТРЕЛЕЦ
Најдобро би било да ги одложите сите важни работи. Денешниот ден не ви е поволен за големи потези. Можно е многу лесно да ја прекинете врската од која не сте задоволни. Не сакате да го губите своето и туѓото време. Водете сметка околу исхраната.
ЈАРЕЦ
Поволен ден за сите оние кои се занимаваат со работи поврзани со угостителство или прехрана. Уживате во романтичната атмосфера со саканата личност. Имате впечаток дека ништо не може да ви го расипе расположението. Чувствителни бубрези и уринарни патишта.
ВОДОЛИЈА
Сте успееле да излезете на крај со многу проблеми. Имате добар, одлчен став и се држите до своите принципи. Не сте сигурни на кој начин да почнете комуникација со една особа. Нервоза и страв ве следи периодот.
РИБИ
Многу поволен и успешен ден за вас. Ќе ги одработите сите работи кои сте ги имале во план, затоа што сте полни со енергија и имате јасна цел пред вас. Препорака е да излезете некаде вечерва со партнерот и убаво да си поминете. Одлично се чувствувате.