Поранешната директорка на театар Комедија, Нора Шаќири-Марковиќ во емисијата „24 анализа“ изјави дека е разрешена од директорската функција поради кандидатурата на нејзиниот брат Бени Шаќири на локалните избори за градоначалник на Скопје, како кандидат на ЛДП.

Таа изјави дека ниту таа ниту нејзиниот брат не го свртеле грбот на СДСМ бидејќи и двајцата не биле членови на партијата.

Шаќири-Марковиќ информира дека била разрешена од Министерството за култура по анонимна пријава за мобинг.

„Не знам кој е анонимниот што ме пријавил, но тој точно ја знаел ситуацијата и ја раскажал целата приказна. Точно е дека водев три дисциплински постапки против вработен, кој три дена не се појавуваше на работа“, потенцира Шаќири-Марковиќ.