Европската комисија (ЕК) ќе побара итна забрана на летови од регионот на Јужна Африка откако беше откриен нов сој на коронавирусот.
Advertisements
Предлогот на Твитер го објави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, наведувајќи дека ќе го поднесе во координација со земјите-членки на ЕУ.
The @EU_Commission will propose, in close coordination with Member States, to activate the emergency brake to stop air travel from the southern African region due to the variant of concern B.1.1.529.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) November 26, 2021
Новиот сој на вирусот – Б.1.1.529 во Јужноафриканската Република е дијагностицирана кај вкупно 77 лица, а првите случаи се регистрирани и во други Боцвана, како и во Хонг Конг.
Последната земја која соопшти дека го регистрирала е Израел, каде вирусот е детектиран кај граѓанин кој се вратил од Малави.
Денеска итен состанок одржува и Светската здравствена организација (СЗО) на кој ќе се разговара за тоа дали новиот вид треба да се дефинира како нешто што предизвикува „загрижување“ или како варијанта „од интерес“.
Состанокот следува откако вчера директорот на Центарот за одговор на епидемијата и иновации во Јужна Африка, Тулио де Оливеира, им ја пренел загриженоста на претставниците СЗО за новиот сој за кој се стравува дека можеби е и најлошата идентификувана варијанта на вирусот.