Поранешниот началник на Министерството за внатрешни работи, Љубомир Ѓурчески во „10 Минути“ на ТВ21 вели дека досега некој требаше да понесе одговорност заради тоа што поради системски слабости се дозволило да дојде до ситуација да ни се случи толкава трагедија.

„За морална одговорност мислам дека ние како држава сме заборавиле што е тоа морална одговорност години наназад. Инаку, во најмала рака, во еден ваков случај требаше да си поднесат оставка од морални причини министерот за внатрешни работи, помошникот директор за сообраќајни работи, директорот во Бирото за јавна безбедност, министерот за транспорт и врски, директорот на Царина, помошник министерот во министерството за транспорт и врски надлежен за лиценцирање на патничкиот превоз“, додаде Љубомир Ѓурчески.