Со решение на Министерствто за култура утрово е сменета од функцијата в.д директор Театар Комедија, Нора Шакири Марковиќ.

На нејзино место е поставена Магдалена Ризова Черних. Смената доаѓа по анонимната пријава за мобинг од страна на Шакири, по што беше испратена инспекција во театарот.

Вработените сметаат дека ова е неиздржан потег затоа што до синдикатот не стигнала никаква пријава за мобинг од Шакири и не се согласуваат со именувањето на Ризова Черних за в.д. директорка, за што според нив, таа беше уметничка директорка додека директоруваше Сашо Ристовски, кој на почетокот на февруари беше сменет од функцијата директор на Комедија заради финансиски дубиози од 130 илјади евра.