МВР демантира дека бил извршен „полициски упад“ во телевизија „Алфа“.

„Министерството за внатрешни работи постапува согласно законските прописи на Република Македонија. Кривичните предистраги и истраги се водат согласно Законот за кривична постапка, а Министерството за внатрешни работи има обврска да постапува по именуваниот закон“, велат од МВР.

Во објавениот натпис на АЛФА телевизија и прикажаното оригинално барање од МВР јасно се гледа дека Министерството постапувало по Наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и не извршило никаков „упад“ во телевизијата, стои во демантот на Министерството за внатрешни работи.