Сопственикот на Беса Транс Дооел, со седиште во Тетово испрати демант, поради тоа што неколку портали ја пренесоа информацијата дека нивниот автобус и компанија се дел од несреќата и страшната трагедија која се случила во Бугарија. Како што вели сопственикот на компанијата, Аздрен Зибери, тој е сопственик на Беса Транс Дооел од Тетово, компанија која држи автобуска линија од Тетово за Копенхаген. Автобусот кој доживеал сообраќајна несреќа е во сопственост на Беса Транс-Скопје и станува збор за друга компанија.

Во целост соопштението:

Сакав да ве информирам за дезинформациите дадени преку портали за трагедијата што се случи синоќа на 23.11.2021 година во 02:00 часот во Бугарија. Станува збор за автобусот на компанијата „Беса транс – Скопје“ кој ја држи линијата за Истанбул, Турција.

„Беса транс“ од Тетово и  јас Аздрен Зибери ја демантираме веста која беше објавена на неколку портали на социјалните мрежи дека ние сме учествуале во несреќата во која животот го загубија 46 граѓани во Бугарија.

Фирмата во сопственост на автобус кој имаше несреќа нема никаква врска со нас туку е сосема друга фирма со седиште во Скопје.

Нашата компанија „Беса Транс Дооел“ Тетово веќе 30 години држи редовна линија ТЕТОВО – КОПЕНХАГ (Данска) секоја среда и сабота.

Нашата компанија изразува сочувство до семејствата кои ги загубија своите роднини.

Со почит Беса Транс Дооел – Тетово