• 2021: Катастрофа во Бугарија

Најмалку 46 лица, меѓу кои 12 малолетни, загинаа кога рано утринава во Бугарија се запали автобус кој сообраќал од Истанбул за главниот град на Северна Македонија, Скопје. Најголем дел од патниците се од албанското малцинство во РСМ.

Според официјалните податоци, во 2019 година во земјата со население од 6,9 милиони луѓе во сообраќајни несреќи загинале вкупно 628 лица, а во 2020 година – 463 лица. Сообраќајните несреќи често се должат на лошите услови на патиштата, застарените автомобили и брзото возење.

  • 2019: Португалија и Русија

Португалија: 29 германски туристи загинаа кога нивниот автобус излетал од патот на планинскиот остров Мадеира на 18 април.

Русија: Автобус падна од мост во замрзната река во Сибир на 1 декември, при што загинаа 19 лица.

  • 2018: Турција и Бугарија

Турција: 17 мигранти прошверцувани низ Турција загинаа, а 36 беа повредени кога нивниот автобус се запали откако удри во столб на 29-ти март во близина на Карс на истокот од земјата. Повеќето од нив биле Иранци, Авганистанци и Пакистанци.

Бугарија: Дваесет аџии загинаа откако нивниот автобус се преврте за време на силен дожд северно од Софија за време на патување во православен манастир на 25-ти август.

  • 2017: Германија, Италија, Русија

Германија: 18 возрасни туристи од Саксонија загинаа кога нивниот туристички автобус се запали по судир со камион во Баварија на 3 јули.

Италија: 16 лица – главно унгарски тинејџери кои се враќаа од скијање во Франција – загинаа на 21-ви јануари кога нивниот автобус се запали по несреќа во близина на северниот град Верона.

Русија: 16 лица загинаа кога воз удри во расипан автобус со претежно узбекистански патници на железнички премин источно од Москва на 6-ти октомври.

 

  • 2015: Најлоша катастрофа во последните 30 години

Франција: Во најтешката француска сообраќајна несреќа во последните три децении, 43 лица загинаа кога автобус со пензионерски клуб се судри со камион и се запали во близина на Пузеген во југозападниот дел на земјата на 23 октомври.

  • 2014: Експлозија на резервоар

Турција: Цистерна што превезуваше течен нафтен гас (ТНГ) се преврте и експлодираше на автопат во југоисточниот дел на земјата на 22-ри јули, при што загинаа 26 лица во два автобуса што минуваа, зафатени во пламен.

Уште 21 лице загина во централна Турција на 23-ти јануари кога нивниот автобус се преврте на замрзнатиот пат во текот на ноќта.

  • 2012: Убиени 22 деца

Швајцарија: 28 лица, меѓу кои 22 деца, загинаа во несреќа во Сиера, јужна Швајцарија, додека се враќале во Белгија од скијачки одмор на 13 март.

  • 2011 година: Умираат студенти во Турција

Турција: 25 лица, главно студенти, загинаа кога камион натоварен со цигли се судри со автобус во близина на Салат, село во југоисточната провинција Дијарбекир, на 21 декември. / АФП