Албанскиот премиер Еди Рама изрази искрено и длабоко сочувство за настраданите во сообраќајната несреќа во која 46 лица, главно македонски државјани го загубија животот.

Во објава на Фејсбук, Рама овој трагичен настан го опишува како „огромна болка” и вели дека нема збор за трагедијата каде животот го загубија речиси сите патници.

– Нема зборови на утеха за трагедијата на автобусот од Северна Македонија во Бугарија, каде што животот го загубија речиси сите патници. Огромна болка, напиша Рама