Австрија е првата земја во западна Европа што повторно воведе целосно заклучување за да се справи со новиот бран на инфекции и од февруари ќе бара целото нејзино население да се вакцинира. Приближно две третини од популацијата на Австрија е целосно вакцинирана против ковид-19, една од најниските стапки во западна Европа. Инфекциите во оваа земја се меѓу највисоките на континентот, со седумдневна инциденца од 991 на 100.000 луѓе.

Advertisements

Австрија претходно воведе карантин за сите оние кои беа невакцинирани, но оттогаш инфекциите продолжија да поставуваат нови рекорди. Затоа двете најтешко погодени провинции, Салцбург и Горна Австрија, најавија дека ќе воведат свои заклучувања, зголемувајќи го притисокот врз владата да го стори истото на национално ниво. „Не успеавме да убедиме доволно луѓе да се вакцинираат“, рече канцеларот Александар Шаленберг на прес-конференцијата во петокот. Со доаѓањето на студеното време низ Европа, владите се принудени да размислат за повторно воведување непопуларните заклучувања.

Прикажи повеќе