Има луѓе кои цел живот го чекаат „својот ден“, своите пет минути слава и правда

Овир три хороскопски знаци особено се истакнуваат со речиси болен товар и постојана потреба за праведност така што често не гледаат пред себе дека сѐ е во ред.

Девица

Родените во овој знак се болно педантни и опседнати со совршенството да можат многу често да ги иритираат сите околу себе. Нема да се смират ако не го вратат пикселот на своето место или ако не проверат дали вратата од куќата е заклучена. Ако нешто не им успее, до бесвест ќе се препрашуваат себе си. Затоа и кога имаат свој ден, Девиците често не знаат доволно да го ценат.

Вага

Во однос на Девицата која е оптоварена со совршенство, Вагите се толку тешки во желбата да доживеат правда во секој сегмент од животот, што денот им се распаѓа „како кула од карти“ доколку забележат дека не истерале „на чисто“. Посебно им е тешко кога ќе забележат дека младоста летнала и стареат. Тие едноставно не го прифаќаат животот по четириесетите и ќе направат сѐ за да изгледаат и размислуваат речиси како тинејџери.

Риби

Се чини дека луѓето од овој знак уште од детството изградиле паралелен свет и никогаш не прифаќаат, доколку тоа им пречи, нешто што реално се случува околу нив. Тие ја следат линијата на најмал отпор и не се откажуваат од својата утопистичка визија за животот. Често запаѓаат во пороци ако не гледаат излез од тешките ситуации.