Во Бугарија и во странство денеска по трет пат годинава се гласа за парламент. Денеска се гласа и за претседател на државата на редовни претседателски избори. За прв пат изборите се две во едно и на избирачките места со повеќе од 300 запишани гласачи се гласа со машини.

Изборниот ден ќе трае до 20 часот. Можно е продолжување, но само со еден час, доколку има редици од луѓе кои сакаат да гласаат.

Право на глас на овие избори имаат приближно над 6 милиони и 600 илјади лица.

Тие ќе можат да гласаат во нешто повеќе од 13.000 избирачки места. И на овие избори лицата кои се ставени во карантин ќе можат да гласаат со мобилни кутии и гласачки ливчиња.

Во странство има 750 секции во 68 земји. Во 208 од нив ќе има машини. Во РС Македонија се гласа на 7 избирачки места во: Амбасадата на Р. Бугарија во Скопје, Генералното конзулство во Битола, во Штип, Прилеп, Охрид, Кавадарци и Струмица.

Во трката за претседател учествуваат 23 претседателски кандидати, додека бројот на кандидатите за пратеници изнесува 5067.