Сончево време со умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северен правец нè очекува денеска низ земјава. Минималните температури ќе се движат од 0 до 7 степени, додека максималните ќе достигнат од 13 до 20 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 5 степени, а дневната ќе достигне до 18 степени.
Стабилно и релативно топло време се очекува и во наредните денови, со променлива облачност во текот на денот.

















