Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, изјави вечерва дека „докажаниот губитник Христијан Мицкоски ја излажал јавноста дека има ново мнозинство од 61 пратеник и го повика да не бара алиби за неуспехот во другите. Митревски нагласи дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го излажал народот и треба да им се извини на граѓаните и да преземе одговорност.
На прашањето дали знае каде е Кастриот Реџепи и дали е точно дека е киднапиран Митревски рече дека има обратни информации од опозицијата – дека токму од неа му вршат притисок и дека очекува деновиве да излезе и да и ги соопшти деталјите на јавноста околу тоа што му се случувало во овој период.
Митревски не сакаше да коментира дали Реџепи ќе биде дел од новото парламентарно мнозинство што се најавува.