Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дојде во Собранието откао беше дадена еден час пауза на барање на пратеници на неговата партија. На прашање од ТВ21 вели дека подоцна ќе даде изјава, без конкретно да одговори на прашањето од нашиот репортер: Дали има мнозинство или замена за Кастриот Реџепи.

Тој Реџепи го спореди со Амди Бајрам, додавајќи „нека му е лесна земјата.“

Мицкоски вели дека до сега бил на часови, па затоа сега пристигнува во Собранието.

Како што е познато, Кастриот Реџепи не доаѓа на седницата, па така, барем засега нема 61 пратеник потребни за рушење на оваа Влада.