Претседателот на Собранието Талат Џафери ја отвори денешната седница за гласање доверба на владата и откако службите ги преброија присутните пратеници и сосе него беа 61, тој даде пауза од 10 минути и ја напушти салата.

Џафери кажа дека тој не ја поддржува иницијативата за гласање доверба на владата и му ја препушти седницата на потпретседателот на Собранието, Фадиљ Зендели од Беса. Пратениците од досегашното мнозинство, предводено од СДСМ и ДУИ, не влегоа во салата. Двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се во изолација и тие се сместени во галеријата на пленарната сала.

За да се изгласа недоверба на владата се потребни 61 пратеник.

По кусата пауза, седницата продолжи со Зендели, но веднаш беше дадена пауза од еден час, на барање на ВМРО-ДПМНЕ.