Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски дојде во скафандер во Собранието да гласа за пад на Владата. Како што е познато тој е во изолација, а денеска е закажана седница за гласање доверба на Владата. Иницијативата ја поднесоа од ВМРО-ДПМНЕ, а поддршка имаат од Алијанса за Албанците, БЕСА, Алтернатива и Левица. Седницата требаше да почне во 11часот.