Претседателот на државата Стево Пендаровски во гостување на ТВ21 рскажа какви биле рекациите на меѓународната заедница по најавите дека Заев ќе си даде оставка.

„Сега ќе си дозволам мала дискреција, имав една мала, тоа се куси средби од нога, не можам да кажам дека тоа се разговори. Но германската канцеларка неколкупати ме праша за мотивите на оставката, дали вие мислите дека тоа беше вистински потег. Мојот одговор, тоа му го пренесов и на Заев по враќањето, реков се разбира дека не. Се разбира дека не. Заради губење на една, две, три пет или десет општини, заради губење на локални избори, независно што сте ветувале претходно ова е едно друго ниво во политиката. Вие водите држава, имате мандат од четири години, сосема легитимно добиен и не можете ни на половина од тој мандат да кажете, заради Скопје, заради Прилеп, Куманово итн. јас си заминувам“, рече Пендаровски.