До Собранието е доставена нова иницијатива за гласање доверба на Владата, пред се поради тактички причини. Како што е познато, пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи Зејди изјави дека нема да гласа за рушење на Владата доколку на таа иницијатива стојат потписи на Левица.

Сега, тоа е сменето, но освен потписите на Левица, на новата иницијатива ги нема потписите на вкупно 17 пратеници, а сето тоа како што велат од ВМРО-ДПМНЕ е од тактички причини.