Старо-новиот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски кој доби мандат за нови четири години, одржа работен состанок со неговите противкандидати на Локалните избори 2021. Како што тој напиша на фејсбук, целта на оваа средба се проектите на неговите противкандидати, односно нивните идеји, кои би можеле да се реализираат, а кои се во интерес на кумановци.

– Денеска имавме заедничка работна средба со сите кандидати за градоначалници на изминатите локални избори во Куманово со цел суштинските проекти од програмите на сите кандидати да се инкорпорираат во една заедничка програма и заедно во следните четири години да ги реализираме. Граѓанскиот интерес пред се, напиша Димитриевски на Фб.

Негови противкандидати беа Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Илиевски од СДСМ, Беким Салиу од Алијанса/Алтернатива и Теодора Димитровска од ЛДП/ДОМ.