Левица има само два пратеници и тие не можат да поништат ниту двојазичност, ниту НАТО, а најмалку да го повлечат признавањето на Косово, нивните потписи се ставени само за да падне оваа влада. Ова го изјави лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села прашан за неговиот став за договорот со Левица за ставање на потписот.

-Ова е само една пропаганда на ДУИ. Левица со нивните два пратеника не може ништо да поништи. Ако сакаат да зборуваат за анти-албански партии, зошто не зборуваат за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ или знаат дека со овие парти еден ден треба да седнат на маса да се договараат, вели Зијадин Села.

Тој вели дека премиерот Зоран Заев најави оставка, но се уште се мисли, па како што вели со овие потписи и договор само му помагаат да ја поднесе оставката.