Скендер Реџепи-Зејд денеска изјави дека се залага за рушење на оваа власт, но не по цена да стави потпис на список на кој се потпишани и пратениците од Левица, пренесува „Алсат“.

„Кога ја составувавме листата, Левица не беше дел од неа. Не прифаќам мојот потпис да е дел од списокот заедно со потписот на лидерот на Левица. Не го добивме мандатот да им служиме на антиалбанските каузи“, додаде Реџепи.

Токму тој е пратеникот за кој што медиумите објавија уште пред два дена дека се предомислува, поради тоа што биле изманипулирани од ВМРО-ДПМНЕ. Како што вели тој, им било кажано дека новото мнозинство ќе биде составено од ВМРО-ДПМНЕ, БЕСА, Алтернатива, Алијанса за Албанците и пратеници од ЛДП. Но, кога го ставиле потписот потоа виделе дека на маса седнал  и лидерот на Левица.

Како што е познато Димитар Апасиев постојано има антиалбанска пропаганда, анти НАТО, против двојазичноста, против ЕУ, како и Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија.