Премиерот Зоран Заев денеска во партијата СДСМ поднел оставка од претседателската функција, објави СДК.мк

Од таму пишуваат дека согласно статутот на партијата, со оставката на лидерот Заев во оставка е и целото раководство на СДСМ.

Заев претходно нагласи дека останува на ставот дека не треба да има предвремени парламентарни избори, бидејќи, како што рече, престојат две и пол одлични и неповторливи години за државата од кои корист ќе има целиот народ и држава.

„Ќе останам периодов додека треба, за да помогнам, да се реорганизира нова влада со прогресивно мнозинство кое го има и постои, а може да биде и уште зголемено“, рече Заев.

Од партијата денеска соопштија дека во тек се секојдневни консултации и работни состаноци со партнерите во коалицијата од парламентарното мнозинство, како и во рамки на највисокото партиско раководство на СДСМ.