Инспектори на Министерството за локална самоуправа се во надзор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Штип за дадените свечените изјави со Република Македонија, а не со уставното име Република Северна Македонија.

Вчера Министерството за локална самоуправа достави мислење на три страни до сите општини во земјава, во кое се наведува дека Уставот е највисок правен акт во првната хиерархија и секоја употреба на друг збор освен Републкика Северна Македонија во свечената изјава е спортивно на Уставот. Во него се наведуваат и амандманите, како и тоа е уредено иако во Законот за локална самоуправа не е сменето уставното име на државата.

Во мислењето потпишано од министерот Горан Милевски се потенцира дека градоначалниците, членовите на Советите и општинската администрација мора да се придржуваат кон Уставот и законите во делот на нивните обврски имајќи ги во предвид штетните последици кои можат да настанат од нефункционирањето на Советите, општините, како последиците со кои се нарушува меѓународниот углед на државата и се поткопува правниот поредок поради непочитување на Уставот и ратификуваните меќународни договори.

Милевски најави инспекцски надзор и за советниците во Советот на Општина Аеродром.