Дел од медиумите во земјата јавуваат за голема полициска акција што се случува вечерва и во која се апсат лица од Агенција за национална безбедност (АНБ). Според неофицијални информации, освен вработен во АНБ, уапсено е и уште едно лице, за уцена на скопски бизнисмен.

Од МВР не откриваат детали, но најавуваат повеќе информации по завршувањето на големата акција.

Телевизија Телма објави дека двајцата уапсени уценувале и вршеле изнуда од скопски бизнисмен кој имал фирма за градежништво. Уапсените тврделе дека против фирмата има кривична истрага и двајцата можат за 5 илјади евра да средат затворање на истрагата. Покрај приведениот припадник на АНБ , вториот уапсен кој ги „подигал“ парите од уценуваниот бизнисмен е обвинет и амнестиран за упадот во Собранието на 27-ми април. Уапсениот имал и повеќе други кривични дела, јавува Телма.