„Тоа што говори Мицкоски како лидер на опозицијата, и тоа што би правел утре како евентуален премиер мислам дека нема да биде на овој начин, на кој постапија вчера и завчера претседавачите на Советот во Штип и во Аеродром“, порача поранешниот премиер и екс лидер на СДСМ, Владо Бучковски, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Тој смета дека тоа е невидена глупост.

„Да бараш сега неусогласено на Законот за локална самоуправа и да покажеш на тој начин, на своите поддржувачи, дека еве ние тоа што ви ветувавме, повеќе полујавно или повеќе без присуство на медиумите или партиските состаноци, ќе дадеме се од себе да го вратиме името Република Македонија без додавката Северна. Мислам дека на почетокот кога имаш ваква победа, а победата на ВМРО-ДПМНЕ е голема и голем победник е Мицкоски на овие локални избори, е непотребен луксуз кој нанесува штета и на имиџот на нашата држава“, порача Бучковски на ТВ21.