Интезивно преговараме за нова влада и сметам дека таа ќе се случи побрзо од очекуваново, изјави вечерва лидерот на ЛДП и министер за локална самоуправа, Горан Милевски за дневникот на ТВ Сител.

„Денес имавме средба со Заев во владата. Генерално беше прашањето да не се повлекува од функцијата, но тој е решен да биде тоа час поскоро. Сметам дека до средината на следната недела, за 10 дена ќе имаме појасна ситуација за нов мандатар.“, рече Милевски и додаде се очекува мнозинството во Собранието да се зголеми со плус 4 пратеници, кои најверојатно ќе дојдат од редовите на Алтернатива.

Според министерот за локална самоуправа во моментов не се потребни брзи парламентарни избори.