„Неодговорно би било во овие околности да се поднесе формална оставка во парламентот, без да се дискутира со коалициските партнери за наследниот на Заев. Оставката е кажана и сите сигнали се дека нема враќање назад. На опозицијата не и одговара колку брзо ќе биде направена и како. Сметам дека не треба да се избрзува со транзицијата без да се осигураат дека легитимиетот на наследникот е стабилен“, изјави поранешниот пратеник и граѓански активист Павле Богоевски во емисијата на Канал 5 „Само вистина“.

Според Богоевски никој во таборот на власта не сака да ја втурне државата во политичка криза после локалните избори.