„Тоа што се случи во Тетово, во Гостивар, во Чаир, тоа може да биде се, но не и слободни избори. Да мобилизирате вие полиција, редовна полиција, началници, командири на полиција, да бидете вклучени во заплашување на луѓе, тоа никако не можат да бидат слободни и демократски избори “, изјави новинарот Насер Селмани во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24, како коментар на тврдењето на Сашо Орданоски дека минатите локални избори биле фер и демократски.

Селмани го истакна фактот дека во РС Македонија нема изграден систем преку кој тие луѓе ќе бидат процесуирани.

„Не може командир на полициска станица да седи цел ден во партиски штаб. Злоупотреба на полиција што ние ја плаќаме за да не заштити не може да помине во оваа држава“, дециден е Селмани и додава дека токму поради тоа кандидатите на опозицијата победиле на тие места, спомнувајќи го д-р Арбен Таравари, кој победил со 6000 гласа предност во вториот круг со гласовите на Албанците и на Македонците.