16-годишна девојка од тетовското село Сиричино, која била хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести во Скопје, ја изгубило битката со вирусот, објави Алфа.

Од таму пишуваат дека девојката била хоспитализирана во тешка здравствена состојба.

Неофицијално, починатата немала претходни хронични заболувања.

Потврда за смртта на тинејџерката телевизијата побарала и од Министерството за здравство, од каде само кусо одговориле дека повеќе информации ќе има во текот на утрешниот ден.

Претходно, за случајот со 16-годишната девојка, информираше и директорката на Инфективна, Милена Стевановиќ која рече дека таа била хоспитализирана со многу тешка клиничка слика и нејзината состојба била критична.