Промените се добри, бидејќи ја поттикнуваат конкурентноста и се надевам граѓаните ќе бидат насоечни кон пормени, изјави лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, по остварувањето на гласачкото право во вториот круг од локалните избори, во струшкото село Ливада.

Користејќи го своето демократско право да гласа за градоначалник на Општина Струга, тој посака фер, корекнти и демократски избори на кои ќе се изрази вољата на граѓаните.

– Моите очекувања се дека граѓаните секогаш треба да бидат насочени кон промени. Помените се добра работа во едно општество, бидејќи ја поттикнуваат конкуренцијата, ги прават политиките по одговорни. Се надевам дека така ќе решат и сите граѓани, рече Села.