Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петрововска, покажа документ од бугарското Министерство за правда, според кој Арсовска во 2011 година се стекнала со бугарско државјанство, за што указот го потпишал бугарскиот вицепретседател.

-Цели 10 години Данела Арсовска има резервна татковина. Од кои побуди побаравте бугарско државјанство, за чии интереси одработувате – за унгарските, за бугарските или за оние на Груевски, рече Петровска, на прес-конференцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ, партија која ја поддржува кандидатурата на Арсовска, со реакција.

-Ваквата црна кампања досега е незапаметена и таа е последица на стравот од пораз на Шилегов и Заев. СДСМ дрско лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска. Во целост ги демантираме ваквите невистини и ниту една црна кампања, вклучително и таа во која вмешуваат членови на потесното семејство на Арсовска нема да им помегне да го одбегнат поразот. Потсетуваме дека не е прв пат СДСМ да мавта со лажни обвинувања за бугарски пасоши, тоа станува дел од нивната стратегија, додека Заев врши притисоци врз членови на историската комисија да потпишат тоа што Заев во четири очи договорил да продаде со бугарската власт. Ваквите лаги нема да го спасат ниту Шилегов од пораз и одговорност за прекумерното богатење додека е на државна функција. Четири стана и две хациенди е учинокот на Шилегов како градоначалник, велат од ВМРО-ДПМНЕ.