Актуелниот градоначалник на градот Скопје и кандидат за нов мандат Петре Шилегов ги повика граѓаните да излезат во што поголем број на гласање во вториот круг на изборите.

„Граѓаните во првиот круг одлучија во добар дел да не излезат. Јас и сега ги повикувам граѓаните да излезат, тоа се можностите, кога ние како граѓани во нашата држава, во нашето општество, имаме да одбереме што всушност мислиме, кога се однесува за градот Скопје. Така што таа излезност, мислам дека ќе биде сериозно поголема изразена во победа на моја страна “, изјави Шилегов во емисијата „Дебати“ на ТВ Шења.

Шилегов истакна дека во наредните месеци ќе се направи анализа на пораките од граѓаните и по неа според неговите очекувања ќе следат сериозни квалитативни поместувања напред во смисла на персонални решенија и на должноста кон граѓаните да се направи многу пофункционален систем на управа.