Во Нова Градишка денеска беше откриен споменикот на Тоше Проески, македонскиот пејач кој трагично го загуби животот на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа на автопатот кај Нова Градишка. На свеченото откривање на споменикот на скулпторот Славко Буниќ присуствуваа Милаим Фетаи, амбасадорот на Северна Македонија, градоначалникот на Нова Градишка г-дин Винко Гргиќ и градоначалникот на Крушево Томе Христовски.