Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека планира да ја започне својата мисија „Артемида 1“ во февруари. Тоа го означува почетокот на американската програма за враќање на мисии на месечината.

Advertisements

Мисијата првично беше планирана да биде до крајот на оваа година и таа треба да го означи вистинското лансирање на програмата Артемис со која САД планираат во наредните години да носат луѓе на месечината, вклучувајќи ја и првата жена.

Првиот лет ќе биде без астронаути на леталото, новата голема ракета на НАСА наречена SLS треба да ја однесе капсулата Орион до Месечината и да се врати на Земјата. Официјалните претставници на агенцијата поставија два датуми за лансирањето.

„Можноста за лансирање во февруари се отвора на 12 февруари, а нашата последна шанса во февруари е 27 февруари“, изјави на прес-конференција Мајк Сарафин, одговорен за мисијата.

Прикажи повеќе